Што ако страста си замине? Долгогодишни парови советуваат како да се зачува страст во бракот
Која е тајната на успешните бракови?
Голем број бракови денес се прекинуваат, а многумина тврдат дека бракот е минлива работа и дека страста не е одржлива.
И покрај песимизмот и цинизмот што владеат, постојат парови на кои им се восхитуваме и чии успешни односи ни даваат надеж и верба во вистинска и доживотна љубов. Која е нивната тајна? Кој е рецептот за успешна врска? И што е најважно, како да се задржи страста дури и по многу години?
Она што треба да знаете е дека за стабилна и долгорочна врска меѓу маж и жена треба многу повеќе од љубов. На почетокот на секоја врска, односот помеѓу мажот и жената е страстен. Меѓутоа, по неколку години заеднички живот или брак, многумина минуваат низ кризни периоди или едноставно исчезнува страста и тие се разделуваат.
Научниците и психолозите тврдат дека е можно да се одржи страста многу години, а двојките од успешните врски ни ја откриваат нивната тајна…
- Не ја игнорирајте сопствената сексуалност.
Поставувајте си еден на друг секси прашања.
Запомнете дека малите знаци на внимание имаат големо влијание.
Започнете ја предиграта надвор од спалната соба.
Присетете се на почетокот на вашата врска.
Интимноста не е само секс.
Почитувајте се еден со друг.
Слушајте го вашиот партнер.
Славете ја вашата љубов.
Фокусирајте се на односот и почесто патувајте.
Бидете најдобри пријатели.
Најдете, направете забава.