Од насУбави муабети

Тоа што даваш тоа и добиваш – вистина ли е, кога?

Колку повеќе некој ти значи толку повеќе го ставаш над себе. Непишано правило е но, вистинито до срж. Гледаш да му е арно, да му ја исполниш секоја мечта, да му угодиш колку можеш, но и колку не можеш. За него правиш и невозможни работи, трошиш време за смислување како невозможните мисии да станат возможни. Си ја трошиш силата, енергијата, а и мислата. Од едно гледаш да створиш две, од ништо да создадеш нешто.

И, така денови, недели, месеци.. а фидбек има ли? Што се случува кога не добиваш за возврат ни трошка од тоа што ти си дал? Една силна врела шлаканица! Сам на себе кога ќе си ја удриш викаат најмногу болело. Е така, низ животот често ние луѓето знаеме сами да се шамараме и само што едната болка сме си ја залечиле повторно нова си создаваме. Така живееме без око да ни трепне. А зошто? Зошто едниот дел од луѓето се толку добри и наивни, а другиот дел толку големи безрбетници и безобразни? Дали тие безрбетници некогаш порано биле наивни и добронамерни? Дали такви се сега од премногу зададени шлаканици?  Не, не може карактерот никоја ситуација да ни го смени, или пак може? Што велите?

Вие и понатака правете добро, доброто со добро викаат кога тогаш се враќало! Ама бегајте што подалеку од дрските и безобразните. Од оние на кои искористувањето на другите им е омилена активност. Од оние за кои би направиле чуда, а тие за вас едно огромно ништо. Бегајте подалеку од нив, вашето повредено битие не заслужува нови шлаканици!

Поврзани статии

Back to top button