Чоколадна торта со кикирики
Наместо да купите, влезете во кујна со своите деца и сами подгответе ја оваа превкусна торта која ќе им стане омилена на вашите најмили.
Потребни состојки:
10 јајца
5 лажици шеќер
5 лажици брашно
2 лажици какао
Половина кесичка прашок за печиво
100гр шеќер во прав
200гр чоколадо
2 супени лажици вода
250гр маргарин
50гр мелени кикирики
50гр кршени кикирики
100гр бело чоколадо
Во сад за матење ги кршите петте јајца. Го додавате шеќерот и со миксер матите. Кога ќе се измати се добро, ги додавате брашното, две лажици од мелените кикирики и прашокот за печиво. Ги мешате сите состојки наеднаш. Вака подготвената смеса ја истурате во предходно подмачкан плех и во загреана рерна на 180 степени ставате да се пече. Откако убаво ќе се испече извадете ја од рерна. Во друг сад ставете ги петте јајца, водата, шеќерот во прав и растопеното чоколадо па матете со миксер. Потоа на тивок оган се додаваат постепено мелените кикирики. Печената торта се полева со белото чоколадо и искршените кикирики и се остава да се излади.