Читањето го прави животот поубав
Читањето го прави животот поубав, па ајде да лчитаме и откриваме нови приказни. Во продолжение предлог книги за убав ден.
Мојата Пепелашка (Колин Хувер) Случајна средба ги наведува осумнаесетгодишниот Даниел и девојката која случајно налетува на него да си искажат љубов еден на друг. Но, оваа љубов има услови: се согласуваат дека ќе трае само еден час и ќе биде замислена. Кога ќе помине тој еден час и девојката ќе отрча како Пепелашка, Даниел се обидува да се убеди себеси дека она што се случило меѓу нив изгледало совршено само затоа што тие се преправале дека е совршено. Моменти како овие со девојка како оваа не се случуваат надвор од бајките. Една година и една лоша врска подоцна, неговото неверување во инстант-љубов исчезнува во моментот кога ќе ја запознае Сикс: девојка со чудно име и уште почудна личност. Но, Даниел наскоро сфаќа дека бајките не постојат и, за жал, пронаоѓањето на Пепелашка не е гаранција за нивното „среќни засекогаш“… тоа е само дополнителна закана. Дали тајната од минатото ќе ја загрози единствената шанса што ја имаат?
Бегај (Харлан Кобер) Твојата ќерка е исчезната. Зависничка е од дрога и од момче кое ја малтретира. И ти ставила јасно до знаење дека не сака да биде најдена. Потоа, сосем случајно, ја гледаш како настапува како уличен изведувач во њујоршкиот Централ парк. Но, таа не е девојката која ја паметиш ти. Оваа жена е изгубена, исплашена и очигледно во неволја. Не размислуваш ни за момент. И приоѓаш, ја молиш да се врати дома. Таа бега. И ти ја следиш во мрачниот и опасен свет кој никогаш не си знаел дека постои. Во кој владеат криминалните банди, каде што дрогата е главна валута, а убиствата нешто вообичаено. Сега твојот живот е во опасност. И никаде и никој не е безбеден.
задоцнетиот живот на Ејми Бајлер (Кели Хармс) Преоптоварена и потценета, на самохраната мајка Ејми Бајлер ù треба пауза. Па кога ќе се појави нејзиниот сопруг што ја напуштил и со чувство на вина ќе се понуди да се погрижи за децата во текот на летото, таа ја прифаќа неговата понуда и од руралната Пенсилванија заминува за Њујорк. Вообичаено приземна и со добри манири, Ејми конечно се отпушта во градот што никогаш не спие. Таа открива живот исполнет со култура, софистицираност, и со мала поддршка од пријателите – со неколку состаноци на слепо. Кога еден човек ќе предизвика срцето на Ејми забрзано да чука, таа ризикува комплетно да се изгуби во непланираното бегство. Како што летото се движи кон крајот, Ејми сфаќа дека треба да донесе невозможна одлука: да остане во ова возбудлиов ново поглавје од нејзиниот жиовт, или да се врати на животот што го оставила зад себе.