Читајте, оти мирисот на книга буди спокојство!
Не си сама (Грир Хендрикс) Веројатно познаваш некој како Шеј Милер. Таа сака да најде љубов, но не успева во тоа. Таа сака да се чувствува исполнето, но нејзината работа е во ќорсокак. Таа сака да припаѓа, но нејзниот живот е толку могу изолиран. Веројатно не познаваш никого како сестрите Мур. Тие имаат нераскинлив круг од пријатели. Тие го живеат најгламурозниот живот. Тие секогаш го добиваат она што ќе го посакаат. Шеј мисли дека го сака нивниот живот. Но она што тие навистина го сакаат е нејзиниот.
Дамски гамбит (Волтер Тевис) Осумгодишното сираче Бет Хармон е тивко и повлечено девојче со невпечатлива појава. Така е сè додека не ја изигра првата партија шах. Нејзините сетила се изоструваат, размислува појасно и првпат во животот чувствува дека има контрола. На 16-годишна возраст, таа веќе се натпреварува на „Отвореното првенство на САД“. Но, како што ги усовршува вештините на шахот и зачекорува на патот на успехот, нејзината изолација станува сè позастрашувачка, а помислата за бегство сè попримамлива. Роман на којшто е базирана истоимената мегапопуларна ТВ-серија на „Нетфликс“.
Списокот на гости (Луси Фоли) На остров крај брегот на Ирска, се собираат гости за да го прослават станувањето во брак на двајца луѓе. Младоженецот: згоден и шармантен, телевизиска ѕвезда во подем. Невестата: паметна и амбициозна, издавач на списание. Тоа е венчавка за медиумите, во стилот на познатите ѕвезди: дизајнерски фустан, оддалечена локација, додатоци за забава, најдобро виски. Сигналот за мобилна телефонија е нестабилен, брановите жестоки, но секој детаљ е совршено испланиран и стручно ќе биде реализиран. Но совршенството е за планови, а луѓето се несовршени. Шампањот е послужен, започнува забавата, а со бројните реминисценции и добри желби, почнуваат низа непријатности и љубомора. Другарите на младоженецот ја почнуваат играта со пиење од нивните училишни денови. Деверицата не толку случајно го уништува својот фустан. Најстариот пријател на невестата прави необична здравица. И тогаш излегува дека некој е мртов. Кој не им посакува добро на младоженците? И, можеби уште поважно, зошто?