ЖивотУбави совети

Четири совети за лесно чистење на наслаги од бигор

Поради секојдневната употреба, на него лесно и брзо се формираат големи количини бигор. За среќа, постојат неколку совети со кои можете да го отстраните без никакви проблеми.

Истурете еднаква количина вода и оцет додека чајникот не се наполни половина. Нека зоврие па исклучете го чајникот, оставете ја течноста да отстои уште дваесетина минути, а потоа исплакнете ја.

Лимонот исто така може да биде корисен. Наполнете го чајникот со вода, додадете две лажици сок од лимон, варете и оставете да отстои 15 до 20 минути, а потоа исплакнете.

Наполнете половина од чајникот со газиран пијалок, сварете го и оставете го да отстои околу половина час. Ако е потребно, тријте и добро исплакнете.

Измешајте малку вода со две или три лажици сода бикарбона. Нанесете ја смесата внатре во чајникот, тријте со четка за заби и секако – исплакнете.

Поврзани статии

Back to top button