ЖивотУбави совети

Направете здрав и вкусен саботен ручек!

Викендите се одлични за подготовки на вкусни рецепти кои ќе ги уживате со најблиските. Да подготвите Ципура со шампињони е одлична идеја за саботниот ручек. 

Потребни состојки: 4 парчиња риба, 1кг шампињони, 2 главици стар кромид, 1 лимон, магдонос, масло, сол, вегета и бибер.

Исчистената риба премачкајте ја со вегета и бибер. Во сад намачкан со масло ставете ги исецканите главици кромид, додадете ги исецканите шампињони и ставете ги да се пропржат, потоа додадете сол и бибер по вкус. Со подготвената пропржена смеса наполнете ги парчињата риба и ставете ги во плех за печење. Полијте ги парчињата риба и печете во загреана рерна додека не добиете златно-жолта боја. Печената риба ставете ја во сад за севирање и попрскајте ја со сок од лимон. Декорирајте ја со свеж магдонос. Наздавје!

 

Поврзани статии

Back to top button