Убави вести

Хуманитарна велигденска акција за еднородителските семејства

На социјалните мрежи деновиве масовно се споделува повикот за хуманитарна акција која се организира во пресрет на големиот празник Велигден.

Имено, на иницијатива на една млада хуманитарка, денеска на паркингот спроти City Mall од 18 до 20 часот ќе може да донирате јајца кои потоа од страна на иницијаторите на оваа акција заедно со бои и украси ќе им бидат подарени на родителите кои се членови на здружението One Can, здружение за поддршка на еднородителските семејства.

Луѓе убави, се гледаме од 18 до 20 часот на паркингот спроти City Mall. Да покажеме дека можеме да им ги разубавиме празниците и на други луѓе!

 

 

Поврзани статии

Back to top button