Убави книги и филмови
Филм за убав ден
Денешниот предлог филм е прекрасна фамилијарна драма која ќе ве разнежни максинално, а можеби ќе ве натера и да пуштите по некоја солза.
Еден писател се надева дека неговата поранешна жена ќе се врати дома. Неговата ќерка не дозволува љубовта да и се приближи. Неговиот син е збунет пред сите предизвици кои ги носат тинејџерските години. Интересна приказна за односите во семејството, за барањето на среќата и чувството на комплетност.
Филмот е во режија на Џош Бон, а главните улоги ги толкуваат Џенифер Конели, Грег Кинеар, Лили Колинс и Нет Волф.