Убави книги и филмови

Филм за убав ден

Филмот кој го одбравме за денес е британска романтична драма режирана од Ендрју Хејиг. Филмот е базиран на кратката приказна „Во друга земја“ од писателот Дејвид Константине. Филмот се натпреваруваше во официјалната програма на 65. издание на Берлинале. Главната актерка од филмот Шарлот Ремплинг ја доби наградата Сребрена мечка за најдобра актерка, а главниот актер од филмот Том Кортенеј ја освои Сребрената мечка за најдобар актер. Ремплинг доби и номинација за најдобра актерка во главна улога на 88. доделување на Оскарите. Филмот ја следи приказната за еден брачен пар кој треба да прослави 45 години брак, но пред прославата некои болни спомени од минатото испливуваат на површината…

Поврзани статии

Back to top button