Убави книги и филмови

Филм за убав ден

Одбравме супер забавен филм кој добро ќе ве намсее и ќе ве разнежни.

Џејн е успешна и силна жена која се развела од Џејк, но останале пријатели. После една нивна средба таа станува негова љубовница и сега таа е втората жена во животот на нејзиниот поранешен сопруг кој меѓувреме се оженил. Адам пак, архитект кој и помага на Џејн во реновирањето на нејзината кујна се заљубува во неа, но набрзо сфаќа дека е дел од комплициран љубовен триаголник.

Филмот “It’s Complicated“ е сниман по сценарио на самата режисерка, Ненси Мејер, а главните улоги ги толкуваат Мерил Стрип како Џејн, Алек Болдвин како Џејк и Стив Мартин како Адам.

Ова е филм за врските и љубовта во подоцнежните години, за разводите и семејните односи и за тоа дека страста не познава години.

Поврзани статии

Back to top button