Убави книги и филмови
Филм за убав ден
За денеска одбравме една малку постара, но добра романтична комедија со фантастични елементи која ќе ве насмее до солзи.
Едно девојче од 13 години ќе посака да порасне. И тоа ќе се случи. Ќе се разбуди како 30 годишна жена, но, набрзо ќе сфати дека животот на возрасните воопшто не е лесен. Ќе сфати дека многумина ја мразат и ги изгубила своите најблиски поради нејзината амбициозност.
Филмот “13 going on 30“ е режиран од Гери Виник, а главните улоги ги толкуваат Џенифер гарнер и Марк Руфало.