ДомУбави совети

Фенг Шуи правила во домот за подобро здравје!

Погледнете како да го организирате просторот за живеење за низ него да врви енергија која носи здравје и просперитет. Овие антички правила на среќа и хармонија се пренесуваат од “Фенг шуи – Формула за здравје и благосостојба”.

– Стимулирајте здравје со поставување на бамбус во трпезаријата или дневната соба, таа го симболизира просперитетот, расте и се чува во вода.

– Не претерувајте со жолта боја, бидејќи таа боја ќе ве охрабри да се грижите премногу. Како резултат на тоа, ќе бидете повеќе под стрес, но исто така ќе бидете изложени на многу болести.

– Не смеете да ја обоите кујната во темни бои затоа што тоа ќе е извор на лоша енергија. Обојте ги ѕидовите со пастелни бои.

– За да бидете поздрави, не држете кактуси и други растенија со остри боцки и врвови, бидејќи тие создаваат негативна енергија. Украсете ја вашата куќа со растенија со заоблени лисја.

– За да бидете сигурни дека сите членови на вашето семејство се здрави и дека преовладува хармонијата секогаш помеѓу вас, ручајте заедно на овална или оругла маса. Енергијата на кругот ќе ве зајакне.

– Ако имате проблеми со астмата, “притисок” во белите дробови или дишете тешко, внесете во домот повеќе декорации направени од метал. Нивната енергија ќе ви помогне да дишете полесно и поправилно.

– Ако често сте жедни или имате проблеми со дијабетес, во вашиот дом поставете предмети изработени од мермер, камен или гранит. На овој начин добра енергија ќе работи за вас.

– Во дворот засадете борови дрвја –  се верува дека тие обезбедуваат долг живот и добро здравје со емитување на многу корисни енергии во воздухот.

 

Поврзани статии

Back to top button