Од насУбави муабети
Уште на што не си ме научил животе?
Долго време ми требаше да научам дека ти животот не си лесен, не си ни блиску до едноставен.
Ме научи дека има деца кои гладуваат.
Возрасни кои длабоко во себе тагуваат.
Животни кои преживуваат.
Птици кои одамна не летаат.
Големи, огромни луѓе а полни празнина, мали и неупадливи а полни топлина.
Насмевки лажни, солзи воопшно не важни.
Прегратки јаки и снажни со мисли лажни.
Богатите се всушност и најсиромави.
А, сиромавите со богати големи души и чисти насмевки.
И, да. Темнината е пат до светлината.