ЖивотУбави совети

Тука е одговорот зошто тешко се приспособувате на летните горештини!

Дали сте се запрашале зошто секоја година се потешко се приспособуваме на летните горештини и зимските ниски температури? Ви паѓа ли тешко кога ќе разгледате околку вас, колку ваши блиски, ваши познаници имаат здравствени проблеми? Колку почесто посетувате лекар, и вие самите веќе не знаете на кој здравствен проблем да дадете предност, оти и времето и џебот ви се кратки.

Верувале или не, сите ние сме изложени на континуирано труење. Звучи малку параноично и претерано, но, оставете ми простор да ви објаснам.

Ќе започнам од воздухот. Секојдневно во нашиот организам преку дишење се таложи олово – еден од најотровните тешки метали, кој кај нас е многу застапен затоа што се уште се возат автомобили кои користат оловен бензин. И што е уште пострашно таквите автомобили си ги увезуваме како алва од земјите од ЕУ без да се запрашаме што ни кажува нивната цена. Филтрите на оџаците на фабриките се одамна застарени, но никој ништо не превзема во тој поглед. Депонии има на секој чекор, а од нив секојдневно се ослободуваат безброј отрови и бактерии во воздухот.

Храната која ја јадеме никој не ни гарантира во какви услови е одгледана или произведена во тие земји од каде што ја увезуваат. Нашите призводи посебно земјоделските скапуваат по ниви, додека ние јадеме овошје и зеленчук одгледани под непознати услови, меѓутоа повторно и тука неговата цена зборува, кажува многу во врска со тоа. Сигурно сте слушнале за ГМО, генетски модифицирана храна. Баш со таква храна се преплавени и пазарите и маркетите кај нас и токму таа е одговорна за сите неправилности кои се јавуваат во функцијата на нашите организми, оти е носител на мутирани гени и хормони.

На сите домовите ни се преполни со прозиводи од кинеска пластика меѓу кои и играчките на нашите деца, но и со таква гардероба, чевли и накит. Поголем дел од овие производи испуштаат радиоактивни зрачења, затоа што и тие самите се произведени од такви материјали. Пак морам да ја спомнам цената… Овој вид на производи и овие зрачења се предизвикувачи на канцер. Радиоактивното зрачење продира длабоко во нашиот организам и дава погрешни команди на клетките, со што почнуваат да се развиваат токму малигните клетки – тумор. Да не заборавам да напоменам дека од радиоактивен материјал се произведени и дел од апаратите за домаќинство.

Сега за крај ми останува само да ве посоветувам да бидете внимателни кога одбирате што ќе купите, сеедно дали храна, облека или покуќнина. Убаво размислете за цената, нивното потекло проверете го на декларацијата, а прочитајте го и нивниот состав. Знам дека во денешно време секој денар ни е повеќе од важен, но сепак нашето здравје мора да ни биде пред се!

Поврзани статии

Back to top button