Три четки кои мора да ги имате во домот ако сакате здрава коса!
Секоја од нас посакува косата да и биде сјајна и бујна, бидејќи таа е доказ за нашиот темперамент и женственост. За свилена и здрава коса, важно е да изберете добра четка за чешлање. Всушност, за да направите вашата коса секогаш да изгледа совршено, ви требаат повеќе од една четка.
Четка за чешлање на мокра коса – Косата обично опаѓа кога ја чешлате веднаш по миењето, па тогаш користете четка со малку забци, така нема да ја оштетите косата. Таквите четки лесно минуваат низ мократа коса и основата е совршена фризура и здрава коса.
Овална четка за фенирање – За обликување за косата, најдобро е да коритите четката за фенирање, која создава волумен.
Голема четка – За да ја завршите совршената фризура, најдобро е да ја четкате вашата коса со голема четка со широк заби, кој ќе го масира вашето теме и ќе и даде природен изглед на вашата коса.
Важно е редовно да ги чистите вашите чешли, бидејќи четките кои не се добро исчистени ќе влијаат лошо на влакната и на темето.