Три супер возбудливи книги
Богат е оној кој чита, читајте секогаш и секаде.
Куклата на Ана (Наде Стојиловиќ) Секој човек има некоја лузна на себе. Понекогаш помала, понекогаш поголема, но секогаш тоа е лузна што останала во душата. Голема дури како цела бразда. Лузна која животот му ја нанел некому, а судбината му ја наменила. Морал да ја изживее и да се издигне над неа, за да продолжи понатаму. А тие луѓе сите ние ги гледаме и среќаваме секојдневно, но не ги забележуваме. Погледнуваме во нивните очи, а не ја гледаме нивната болка, не забележуваме што е тоа што ја избраздило нивната душа. Немаме ниту време, ниту желба да се запрашаме што се крие зад нивните очи, често полни со тага, со кои нѐ погледнуваат. Едноставно ги одминуваме, не забележувајќи колку нашиот поглед, еден миг што ќе го одвоиме за нив, им е потребен. Токму таквите луѓе со лузни на душата се инспирација за оваа книга, во која се сместени 15 вистински приказни. Тие се настанати во текот на долгогодишната работа на Наде Стојилковиќ како новинар, која како слушател и евидентичар ги бележела нивните судбини, среќавајќи се со тие луѓе и со нивните судбини во своето работно и животно искуство.
Девојката која ја бркаше месечината (Сара Адисон Ален) Ова е приказна полна со слатка магија, приказна во која две изгубени девојки го наоѓаат своето место под месечината.
Емили Бенедикт доаѓа во Малабај, Северна Каролина, надевајќи се дека ќе реши барем дел од мистериите кои се вртат околу смртта на нејзината мајка. Но во моментот кога стапнува во куќата во која пораснала нејзината мајка, каде го запознава нејзиниот дедо – еден вистински чуден и неверојатно нежен џин – таа сфаќа дека мистериите во Малабај не се решаваат, напротив, тие овде се начин на живот. Тука собите се исполнети со тапети кои ги менуваат боите и сликите во зависност од твоето расположение. Овде необјасниви светла прелетуваат низ дворот сред ноќ. И соседите печат надеж во форма на торти.
Сите во Малабај ги обожаваат тортите на Џулија, а таа очигледно не може да престане да ги прави. Ги пече за да ги задоволи апетитите за слатко на градот, но исто така во надеж дека ќе ја врати љубовта за која се плаши дека би можела да биде изгубена засекогаш.
Без страв (Лурлин Мек Даниел) Која е најтешката работа што некој би можел да ја побара од некого? Тревис Морисон е нуркач шампион и едно од најпопуларните деца во неговото училиште. На првиот ден од летниот распуст, додека се вози со чамец на езерото со неговите пријатели, Тревис одлучува да скокне од една од највисоките и најопасните карпи. Додека паѓа кон водата, нешто што успешно го има направено илјадници пати во животот, нешто тргнува во лош правец. Тревис се плаши дека ја скршил ногата, но тестовите во болницата откриваат ретка форма на рак на коски и со цел да му го спасат животот, докторите им кажуваат на неговите родители дека ќе мора да му ја ампутираат ногата. Животот на Тревис и на сите останати околу него се менува преку ноќ… Тревис е убеден дека тој и само тој треба да одлучува за својот живот. Тој има план, но не може да го реализира сам. Дали ќе успее да го убеди неговиот најдобар пријател, неговата девојка или неговата сестра… кој било, да му го исполни најважното барање што постои?