Три совети за уредување на дневната просторија!
Разубавете ја вашата дневна соба со полици во светли бои, шарени теписи или стар ретро троседот, променете го мебелот во некоја впечатлива боја и ќе видите – просторот ќе блесне со нов сјај!
Правилото е дека нема правила и дека симетријата не е секогаш потребна. Ако имате многу книги и ви се потребни затворени полици, тогаш ви предлагаме ваков елемент како на фотографија на која има отворени и затворени полици, неправилно распоредени. Магијата на овој елемент е тоа што не е секојдневен и обичен како што сме навикнати да гледаме досега.
Ако сакате едноставност и монохроматски мебел, поставете го стариот тросед со монохроматски текстил (кадифе, микрофибер, еко-кожа). Ако решите да не го украсите со декоративни перници, не заборавајте да ја декорирате собата со некои детали, така што собата нема изгледа монотоно. За младите луѓе и луѓето кои се наклонети да експериментираат, предлагаме стариот тросед, да го тапацирате со неколку различни материјали. Побарајте помош од дизајнерот во продавницата за текстил во домот!
Премногу атрактивни елементи во една просторија ќе изгледаат напано и премногу шарено. Значи секогаш имајте на ум – ако некои детали привлекуваат многу внимание, други треба да бидат едноставни.