Три причини зошто секоја жена после 40 години треба редовно да јаде смокви
Јапонските научници докажаа дека главната состојка на смоквите – бензалдехид, придонесува за намалување на туморите кај луѓето. Имено, тие тврдат дека ова сочно овошје покажало одлични резултати во намалувањето на ризикот од рак на дојката.
Освен што се антиканцерогени, се покажа дека смоквите имаат корисен ефект врз нивото на холестерол во крвта. Растителни стероли како што се стигмастерол и ланостерол, кои се во смоквите, се врзуваат за молекулите на холестерол во цревата и на тој начин ја попречуваат неговата апсорпција.
Омега 3 и омега 6, кои ги има во смоквите, се многу важни за здравјето на кардиоваскуларните органи. Смоквите се добар извор на калиум, минерал кој го регулира крвниот притисок.
Поради количината на шеќер содржана во смоквите, на дијабетичарите им се советува да бидат внимателни кога го користат. Меѓутоа, ако се користи умерено, потребата за инсулин кај дијабетичарите може да се намали.