ЖивотУбави совети

Три оргинални рецепти за мафини!

Мафини со лимон и мак. Потребни состојки: 2 јајца, 250мл кисела павлака, 125мл млеко, 60мл масло, 100гр мед, 3 лажици мак, рендана кора од еден лимон, 300гр брашно, лажичка прашок за печиво, лажица сок од лимон и 150г шеќер во прав.

Подготовка: сматете ги јајцата, киселата павлака, млекото, маслото, макот, медот и лимоновата кора. Додадете брашно измешано со прашокот за пециво и полека измешајте го. Во намастени калапи печете на 180 степени од 25 до 30 минути. Извадете ги од модлите и оставете ги да се оладат. За тоа време измешајте ги сокот од лимонот и шеќерот во прав и премечкајте ги изладените мафини.

Мафини со банани. Потребни состојки: 250мл млеко, 2 јајца, 2 банани, 50гр маргарин, 200гр брашно, кесичка прашок за печиво, 120гр шеќер и 120гр исецкано чоколадо.

Подготовка: Изгмечете ги бананите со вилушка, па додадете го мелкото, јајцата и маргаринот. Добро измешајте. Додадете го брашното, прашокот за печиво, шеќерот и чоколадото и полека измешајте. Во намастени калапи поделете ја смесата и на 190 степени печете околу 20 минути.

Мафини со боровинки.  Потребни состојки: 3 чаши за кафе брашно, една лажица прашок за печиво, пола лажица сода бикарбона, пола лажичка сол, 10 лажички масло, чаша шеќер, 3 јајца, лажица рендана кора од лимон, 1,5 чаша јогурт и 1,5 чаша свежи боровинки.

Подготовка: Во длабог сад измешајте брашно, прашок за печиво, сода бикарбона, и сол, па оставете да одстои. Рерната уклучете ја да се грее на средна температура. Сматете ги јајцата, шеќерот и маслото, а на крај додадете ја ренданата кора од лимон. Полека додадете го брашното и мешајте. На крај додадете го јогуртот и боровниците па промешајте ги мафините со лажица и ставете ги во намастените калапи. Рерната ставете ја на најсилно и печете ги мафините околу 25 минути.

 

Поврзани статии

Back to top button