ЖивотУбави совети

Три намирници кои директно ЛЕПЕАТ МАСТИ на стомакот

Доколку сте на диета, но мастите не се топат, може да има проблем со консумирањето на овие три намирници.

Процесот на слабеење не е воопшто лесен, особено ако имате наталожено сало на одредени делови од телото и на најпроблематичната област на стомакот. Можеби не сте знаеле, но има намирници кои ќе предизвикаат таложење на маснотиите на телото.

Чипс
Особено чипсот може да доведе до зголемување на телесните масти, особено ако се јаде премногу често. Уште повеќе, чипсот е храната што може да ве натера да се здебелите најмногу во период од 4 години, тврдат американските експерти. Чипсот бил споредуван со компири, слатки засладени пијалоци и преработени и непреработени месни производи. Чипсот е преполн со масти и сол. Овие три состојки го отежнуваат прекинот на јадењето и тоа често води до прејадување, што резултира со зголемување на телесната тежина.

Крофни
Иако се вкусни, премногу крофни може да предизвикаат масни наслаги. Тие се полни со преработени јаглехидрати кои предизвикуваат нагло покачување на шеќерот во крвта и само накратко го задоволуваат гладот. Во исто време, панкреасот ослободува еднаква количина на инсулин за да го „исчисти“ вишокот на гликоза во крвта и да го турка во клетките. Откако ќе влезе во клетките, ќе почувствувате ненадеен наплив на енергија кој ќе трае околу 20 минути. Како што нивото на гликоза во клетките брзо опаѓа, така ќе се намалува и вашата енергија.

Маргарин
Ако мислите дека маргаринот е подобра опција од путерот, се лажете. Особено е проблематично кога се вели дека маргаринот е диетален или има 0% маснотии, тогаш луѓето имаат навика да претеруваат затоа што мислат дека јадат нешто здраво. Потоа наместо да ослабат тие се дебелеат, а често не им е јасно зошто.

Поврзани статии

Back to top button