Убави книги и филмови

Три книги кои ќе ве натажат и насмеат, ќе ве натераат да размислувате…

Предлог три книги што не се оставаат, книги што ќе ве натажат и насмеат, книги што ќе ве натераат да размислувате. Овие книги не смеете да ги пропуштите! 

Големи мали лаги (Лиен Мориарти) Училиштето Пириви е мало, прекрасно основно школо во близина на плажа каде децата учат дека насилството е неубаво и недозволиво. Но и покрај тоа, еден вечерен, родителски училишен настан се претвора во хаос и завршува со смртен случај. Пиштат сирени. Врескаат луѓе. Еден родител е мртов. Дали станува збор за убиство, трагична несреќа или нешто сосема трето? Родителите во Пириви ќе откријат дека малите лаги понекогаш можат да бидат најсмртоносни…

Кога мене ќе ме нема (Колин Оукли) Читајќи реченица по реченица ќе ви се крши срцето. Емоциите нема да ве заобиколат читајќи ја оваа книга. Дејзи има дваесет и седум години и веќе еднаш има победено рак на дојка. Како е можно повторно да ѝ се случува ова? Таа се подготвува да ја прослави третата годишнина од победувањето на ракот на дојка со својот сакан сопруг Џек. Но на само некој ден од важниот датум доживува страшен шок: нејзиниот доктор ѝ кажува дека ракот е вратен, но овој пат со дијагноза во агресивна четврта фаза. Докторот прогнозира од четири до шест месеци живот. И смртта е парализирачки страшна помисла – но не затоа што Дејзи се плаши за себе. Таа не може да замисли што ќе се случува со нејзиниот генијален, но шармантно беспомошен сопруг кога таа повеќе нема да биде тука да се грижи за него. Џек заборава да јаде, Џек не знае да готви, Џек е срамежлив, Џек не може сам. И овој страв не ѝ дава сон ноќе, сè додека Дејзи не добие идеја за решение: таа мора да му најде нова жена.

Прошетка по облаците (Ева Мари Еверсон) Што кога човек ќе ја изгуби волјата за понатаму? „Животот порано беше неописливо прекрасен. Полн со магија и можности. Полн со чуда и возбуда. Не постоеше ништо што не можев да направам. Не постоеше ништо што не можев да бидам. Не постоеше место каде што не можев да отидам. Били Крофорд беше мојот свет. Мажот од моите соништа. Човекот што се заколнав дека ќе го сакам и почитувам и ценам сè додека „смртта не нè раздели“. Мислејќи и верувајќи, се разбира, дека никогаш нема да дојде до тоа. До смрт. Или ако дојде, тоа ќе биде многу, многу далеку во иднина. Премногу далеку за да се грижам за тоа денес. Или дури и утре. Но… ах, колку брзо можат да се распарчат соништата. За една секунда. Со еден пиштол. Со еден куршум кој ја распарува тишината на една ноќ.

 

Поврзани статии

Back to top button