Убави книги и филмови

Три возбудливи приказни кои ќе останат во вашето сеќавање!

Денешен предлог, три книги кои ќе се врежат во вашето сеќавање, ќе ги прераскажувате и памтите долго!

Светот на рамена (Џенифер Нивен) Сите мислат дека знаат сè за Либи Страут, но никој никогаш не се обидел да погледне подлабоко во неа и вистински да ја запознае. По ненадејната смрт на нејзината мајка, Либи се затвора дома, но сега таа е подготвена: за средното училиште, за новите пријатели, за љубовта и за СЕКОЈА МОЖНОСТ ШТО И ЈА НУДИ ЖИВОТОТ. Сакам да бидам девојката која може да стори сè. Исто така, сите мислат дека знаат сè за Џек Маселин. Да, тој е секси и фраер во секоја смисла на зборот. Но, зад неговата самодоверба, тој крие тајна што мора да ја чува во себе по секоја цена.
Биди шармантен. Биди проклето пресмешен. Не зближувај се со никого.Тогаш Џек ја запознава Либи. И нивните светови се менуваат. Бидејќи понекогаш, кога ќе запознаете некого, целиот свет доаѓа во фокус. Џенифер Нивен ни дава уште една потресна и возбудлива љубовна приказна за пронаоѓањето токму на онаа личност што ве гледа и ве сака такви какви што сте.

Биди со мене (Џенифер Л.Арментраут)  Дали Тереза и Џејс имаат шанса да бидат заедно, или животот има друг план?Тереза е вљубена во најдобриот другар на брат ѝ, но тој не зборува со неа
откако се бакнаа – еден неверојатен бакнеж што ти го менува животот засекогаш. Потоа, таа излезе од една ужасна врска. А сега, повредата со која се здоби може да стави крај на нејзината кариера како танчарка. Време е за план Б: колеџ! А можеби ќе има и шанса да го убеди Џејс дека тоа што постои меѓу нив е она вистинското. Џејс крие огромна тајна што не ја кажува никому – особено не на Тереза. Иако тие се бакнаа – со најжешкиот бакнеж во неговиот живот – тој знае дека мора да им даде приоритет на други нешта. И нема време за врска. Но, постојано мисли само на бакнувањето со девојката која може да му уништи сè. Сепак, Џејс и Тереза веќе не можат да ги негираат чувствата што ги имаат еден за друг. Но опасноста демне и се случува трагедија. Додека кампусот закрепнува од страшната случка, судбоносно вљубениот пар мора да одлучи што се подготвени да ризикуваат за да бидат заедно и дали се подготвени да го изгубат тоа доколку врската не успее…

Бебето на Бриџит Џонс (Хелен Филдинг) Бриџит Џонс се наоѓа пред нејзината најважна животна улога. Во години е кога сите отстрана и велат дека биолошкиот часовник отчукува и мора да роди дете. По низа смешни ситуации својствени само на неа, таа останува бремена – но не баш како што си замислувала цел живот. Во текот на бременоста се соочува со безброј сплетки, неверојатни моменти и хаос при прегледите на ултразвук и вежбите за подготовка за породување, но никогаш не ја напушта желбата за печени компири со ренданo сирење. А сепак, клучното и најнепријатно прашање што станува белег целата бременост е – кој е таткото? Бриџит не би била Бриџит ако не нè насмее до
солзи со сето она што и се случува, сета романтика, радост и очај, каде што секогаш на крајот нештата завршуваат на убав начин што предизвикува пријатни и позитивни чувства. „Суштината на ликот на Бриџит Џонс е во јазот помеѓу она што би требало да бидеме и она што навистина сме. Сега, во текот на бременоста полна со изненадувања, Бриџит ја открива разликата помеѓу тоа каков живот очекуваме и каков е животот во реалноста кога стануваме свесни дека ќе имаме бебе“, Хелен Филдинг.

 

 

Поврзани статии

Back to top button