Трикови против разлетана и наелектризирана коса
За време на зимниот период сите носиме шал и капа. Но, нивен неизоставен придружник е разлетана и наелектризирана коса. Есента е ноќна мора за секој што има средна или долга коса, затоа што тогаш е тешко да се контролира и обликува. За среќа, постојат фризури што можете да ги носите под капа без да се плашите дека ќе ги расипете. Добрата вест е дека постојат неколку едноставни решенија кои ќе ја направат вашата фризура токму онака како што ја сакате.
За време на есенскиот и зимскиот период користете хидрантен шампон. Редовно употребувајте силиконски капки за дохрана и заштита. Сушете ја косата со фен со јонизатор. Четката за коса редовно чистете ја и дезинфицирајте ја. Користете восок или крема за коса за да ја стилизирате косата. Еднаш неделно третирајте ја косата со кокосово масло половина час пред миење.