ЖивотУбави совети
Трикови за отстранување масни дамки на текстил!
Често ви се случува при приготвување или консумирање на оброкот да измрсите дел од облеката или кујнските крпи?
Ако во тој момент немате ништо поефикасно за отстранување на маснотии, доволно е да ја наросите флеката со кујнска сол, па по некое време убаво да ја истриете со памучна крпа.
За отстранување масни флеки може да послужи и чист бензин. Исфлеканата површина убаво натопете ја со бензин и ставете врз неа лист од хартија што впива, пресвиткан повеќе пати кои потоа ќе го притсинете со пегла. На овој начин впиената маснотија брзо ќе се извлече.
Свежите флеки лесно ќе ги отстраните со бебешка пудра – само нанесете ја во подебел слој на исфлеканата површина, оставете некое време да дејствува а потоа убаво и темелно исчеткајте.