ЖивотУбави совети

Трикови за кога ви се чини дека нема спас!

Не е секогаш лесно да се одржи беспрекорен изглед. Затоа, ви подготвивме неколку трикови за да ви помогнеме дури и кога се чини дека нема спас.

Ако ви се скинат хулахопките облакајќи ги веднаш земете лак за коса и испрскајте го местото околу дупчето или со безбоен лак намачкајте го.

Направете ја гардеробата миризлива. Мало парченце од миризлив сапун ставете на секоја полица од плкакарот. Или вреќички со рузмарин закачете на закачалките. Кога и да облечете некое парче облека тоа ќе ви мириса подолготрајно и појако од оној мирис од омекшивачот.

Обновете го лакот за нокти. Ако мора да излезете набрзина а лакот за нокти ви се подизлупил ставете нов слој на лак одозгора, но само до следното пристигнување дома. Потоа извадете го темелно и одново прелакирајте се.

Доколку кошулата ви е изгужвана а со вас на пат не носите пегла тогаш послужете се со пресата за коса.

Измијте ги и исчеткајте ги забите со сода бикарбона кога ќе приметите дека ви потемнуваат.

За да трае шминката подолго и да изгледа фиксирано на вашето лице попрскајте се од далеку со лак за коса.

Кога немате време за на педикир со кора од лимон истријте ги дома петиците.

Заборавете на миризбата во чевлите. Во мали вреќички ставете сода бикабона и оставете ги вреќичките да преноќат во чевлите.

На закачалка која ќе ја изнесете на балконот луфтирајте ги после секое носење јакните, капутите и бундите.

Ако не носите течна пудра со вас, а шминката бара да ја обновите тоа направете го со коректорот или со камената пудра.

Ако килограмите се зголемат нагло практикувајте маички и кошули со длабог V-отвор.

Ако сакате стомакот да ви делува послабо за некоја пригода дента пред прославата бидете само на течна храна.

Користете иста крема за тело како парфемот. Така нема да дојде до непријатно мешање на миризби.

Џвакајте свежо нане за да се ослободите од миризбата во устата.

Стопирајте го дебелеењето така што наутро ќе пиете по еден цедел лимон со млака вода.

 

 

 

 

 

Поврзани статии

Back to top button