ЖивотУбави совети

Тренинг со боси нозе: да или не?

Тренингот со боси нозе е нов тренд во фитнес светот, но дали е препорачлив? Ви откриваме подолу.

Иако потрошивме цело богатство за удобни патики за тренинг, изгледа дека ќе треба да ги тргнеме од стапалата за време на тренингот! Имено, се почесто на социјалните мрежи наидуваме на тренери кои креваат тегови, вежбаат и тренираат боси. Но, дали и ние треба да го пробаме тоа? Еве што велат експертите.

Вежбање без патики – добри и лоши страни
Како што знаеме, стапалата имаат илјадници нервни завршетоци и испраќаат сигнали до телото, што му овозможува подобро да го разбере секое движење. Кога ги стимулираме нервите во стапалата, подобро го разбираме начинот на кој стоиме и одиме. И тоа на крајот влијае на тоа како се движиме.

Биомеханички, вежбањето бос влијае и на поефикасно активирање на мускулите на глутеусот и централниот дел од телото.

Придобивки од тренинг со боси стапала.

Подобро чувство за простор – Допирајќи ја боси површината за вежбање, добиваме подобра перцепција за просторот. И така имаме подобри перформанси за време на самата вежба. Мозокот се поврзува подобро со остатокот од телото.

Посилни и пофлексибилни стапала – Мускулите на стапалата, кога вежбаме без патики, не „ тераат “да стоиме исправено и да влијаеме на подобра рамнотежа. А силните стапала се потпора за целото тело. Вежбањето бос ги зајакнува мускулите на стапалата, стануваме подвижни, имаме подобро држење на телото и постабилни сме, велат експертите.

Поголема свест за нерамнотежа – Кога вежбаме без патики, стануваме посвесни за сите слабости во нашето тело. Ако сме боси, сфаќаме дали колената, колковите или мускулите на нозете се послаби. Пробајте и ќе видите.

И дали има недостатоци?

Па, според експертите, тренингот со боси нозе нема недостатоци. Важно е само да научиме како правилно да ги користиме нозете во одредени вежби, за да биде безболно.

Поврзани статии

Back to top button