Тренд кошула за оваа сезона!
Елегантните, женствени кошули се нашето омилено парче облека во текот на летото, бидејќи тие одлично се комбинираат со здолништа, фармерки, но и малку повеќесо класични панталони со длабок струк. Ваквите кошули се парче гардероба за кое секогаш се одлучуваме кога сакаме впечатлив, романтичен и женствен изглед што ќе ја истакне нашата деликатна природа.
Ова стилско парче кога ќе се комбинира со совршена комбинација ќе направи да се чувствувате шик секој пат кога ќе ја напуштите куќата, ќе се чувствувате како да сте на модната писта.
Овој модел на кошула одлично се комбинира со фармерки и римјанки, кога сакате шик изглед. А во комбинација со мини или миди здолниште и сандали со високи потпетици, ќе бидете подготвени за коктел забава или некоја друга посебна пригода.