ЖивотУбави совети

Торта со јаболки – брза и лесна подготовка!

Вкусна, мека, сочна и миризлива торта со јаболки е одлична идеја за денешен десерт.

Потребно е:
2 поголеми јаболка
50 гр суво грозје
кора од лимон
3 јајца
3 лажици брашно
1 лажица гриз
2 лажички мед
3 лажици масло
3 лажици шеќер

Подготовка: Излупете ги јаболките и исечете ги на парчиња. Подмачкајте ја тавата со масло и лесно премачкајте со мед. Парчињата наредете ги во круг на тава со дијаметар од 22 см. Изматете ги јајцата со шеќер, додадете брашно и гриз, суво грозје, кора од лимон и масло. Измешајте сè и прелијте ги јаболката, па израмнете. Печете на 200 степени околу 50 минути. Откако ќе се олади исечете го на триаголници и попрскајте го со шеќер во прав.

Тортата е толку сочна, миризлива, убава како кох .. Наздравје!

Поврзани статии

Back to top button