ЖивотУбави совети
Торта со малку калории – здрава и вкусна!
Ако сте чокохоличари, никогаш нема доволно рецепти за чоколадни деликатеси. И сега, можно е да се направи вкусна чоколадна торта која е исто така здрава. Без шеќер, масло, глутен или млеко, а едно парче има само 100 калории.
Потребни состојки:
1 1/2 чаши брашно без глутен
1 чаша кокосов шеќер
¼ чаши путер од какао
1 лажичка сода бикарбона
½ лажички сол
1 лажичка јаболков оцет
1 лажичка екстракт од ванила
6 лажици незасладено пире од јаболко
1 чаша вода
За фил:
½ чаши стопено кокосово масло
3 лажици јаворов сируп или мед
½ чаши какао во прав
1 чаша сос од јаболка (исечени и испасирани јаболка)
1 лажица густин (по избор)
Подготовка:
- Загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете плех од 20 см со хартија за печење.
- Во голем сад истурете брашно, засладувач, какао, сода бикарбона, сол и промешајте.
- Додадете екстракт од ванила, јаболков оцет и незасладено пире од јаболка и добро измешајте.
- Истурете вода во смесата и мешајте додека не добиете хомогена смеса.
- Истурете во плех и печете 25 до 30 минути.
- Оставете да се излади, па премачкајте со фил.
Како да подготвите чоколаден вегански крем:
- Измешајте кокосово масло, засладувач и какао во прав. Мешајте додека не добиете сјајна, течна чоколадна смеса.
- Додадете сос од јаболка и повторно добро измешајте.
- Оставете во фрижидер најмалку 20 минути, да се стегне малку. Ако мислите дека кремот е редок, додадете лажица густин.
- Премачкајте ја тортата и… уживајте!