“Те сакам” како да ти го објаснам?!
Ти ми остави мисла.
Ти ми остави семе на љубов да израсне на поле без чувства.
Ти ми остави исполнетост…а пак во неа празнина
Ми остави само моја- лично моја приватна градина кај што пролет го милува лицето а страст ја полни душата
Ти остави во мене и тишина
Ти ми остави невидлив жиг на градите: “Овде Јас припаѓам”…
Ми остави питом поглед пред да се свртиш и да заминеш…
И одеднаш осетив пркос, отров во устава за се што не кажав,
па со прости зборови го запишав.
Не знаеш како е да си ја одереш душата кога во тебе поминува помисла…и копка, подрива
Како чад ми остави твоја помисла, да ме гуши и да умирам.
И знаеш дека сама се убивам
а молчам,
Што да ти кажам?!
Како го напишам?!
“Те сакам” како да ти го објаснам?!
Ти во мене остави мисла…е таму, таму некаде кај што никој не гледа…
Таму за тебе постојам.
Маја Спасовска