ЖивотУбави совети

Тенко исечени тиквички со прелив од мед, ф’стаци и чили пиперки

Досега сте пробале, без сомнение, стотици рецепти кои ги вклучуваат нашите омилени тиквички.

Но, ако сакате да го заобиколите нивниот стандарден начин на печење или готвење, го имаме токму она што ви треба. Еве рецепт за уникатна комбинација од мед, ф’стаци, чили пиперки и тенко сечкани тиквички.

ПОТРЕБНО:

2 тиквички со средна големина, излупени
маслиново масло
сол и бибер
1/3 чаша мед
1 чили пиперка
2 лажици оцет
1 лажица путер
1/3 чаша ф’стаци
морска сол
свежо сечкан магдонос

ПОДГОТОВКА:

Загрејте ја рерната на 250 степени. Наредете ги исечените тиквички по должина на плех со рамната страна надолу. Намачкајте ги со маслиново масло и обилно посипете ги со бибер и сол. Ставете ги во рерна и печете околу 20 минути. Во меѓувреме, во мало тенџере измешајте мед, лута пиперка и путер. Оставете да зоврие, намалете ја топлината, а потоа додадете оцет. Кога тиквичките ќе се испечат, оставете ги да се изладат околу 10 минути. Потоа извадете ги на даска за сечење и направете еднакви пресеци. Потоа вратете ги во плехот.

Со силиконска четка премачкајте ги тиквичките со мешавина од мед. Се печат во рерна додека не се карамелизираат околу 30 минути. Одозгора кога ќе бидат готови, посипете ги со ф’стаци, морска сол и декорирајте со магдонос.

Поврзани статии

Back to top button