Темно чоколадо за млада кожа!
Лекарите од Европскиот центар за дерматологија во Лондон ги советуваат своите клиенти да јадат темно чоколадо, бидејќи според нивните најнови истражувања, тоа го забавува стареењето на кожата и ја штити од ефектите на ултравиолетовите зраци (УВ).
Поради дејството на УВ зраците, клетките на кожата ја губат својата природна еластичност, а можна е и појава на канцерогени промени, тврдат научниците. Активните хемиски супстанции во чоколадото – флаваноли, ја активираат заштитната функција на кожата, што доведува до нејзино подмладување.
Па сега имате повеќе причини да уживате во слаткото задоволство наречено темно чоколадо, особено пред изложување на сонце. На плажа, изедете го чоколадото брзо, за да не се растопи а во овој период од годината поплека уживајте во секоја коцка црно чоколадо додека скијате.