Убави дестинации

Сè уште не знаете каде на одмор?

Ако сте во потрага по дестинации, еве предлог на места за кои можеби сте чуле, но не сте знаеле дека се толку прекрасни. Ние ви препорачуваме неколку преубави дестинации кои со својата убавина ќе ве остават без здив.

  • Оаху, Хаваи
    Оаху, најголемиот остров на Хаваите е рај за сурферите и е благословен со неверојатни места од кои се одзема здивот. Овде ќе ви се чини дека времето застанало.
  • Канкун, Мексико
    Се наоѓа во Карипско Море. Овој град е најдобро познат по својот концепт за заштита на морски животни, кој привлекува најмногу туристи. Најинтересено е што има подводен музеј и единствениот начин на кој може да се доживее оваа убавина е нуркање во длабочините на морето.
  • Хормозган, Иран
    Во крајниот јужен дел на Иран, сместена е оваа прекрасна провинција наречена Хормозган. Тука се традиционалните амами, хинду храмови и кралската вила на поранешниот кралеви и кралици, а со својата убавина се издвојува плажата која е полна со фитопланктон и е неодолива во текот на вечерните часови.
  • Француската ривиера
    Кога станува збор за толпа впечатоци и удобност, не смее да се пропушти можноста да се спомне и француската ривиера која е уникатна во нејзината убавина. Медитеранскиот брег, кој се протега низ југо-источниот дел на Франција, е идеален за посета во секое време од годината. Идеалната медитеранска клима ја прави оваа дестинација ептен привлечна за туристите.
  • Баварска колиба, Германија
    Дали сте знаеле дека во Баварија може да се најдат овие мали колиби, кои се совршени места за одмор и релаксација? Тие нудат нежна, природна околина, со пријатно време и безбедна средина.
  • Монтсерат, Барселона
    Во ова тивкo село е како во рај. Постојат различни манастири вредни за посета, а чудесно кривите ѕидини кои го красат овој град се многу редок природен феномен. Тука е највисокиот врв на Каталонија, од каде што може да се види цела Барселона.

Поврзани статии

Back to top button