ЖивотУбави совети

Супер рецепт за летен десерт!

Ви се јаде нешто слатко? Денес, подгответе оргинален колач од праски и бисквити.

Потребни состојки: 250гр бисквити, 150гр брашно, 3 праски, 1 пакување сув квасец, 70гр шеќер, 2 јајца, 80гр путер, 1 лимон и 1дл млеко.

Подготовка: Изрендајте половина од кората од лимон, излупете ги праските, исечете ги на текнки кришки и ставете ги во еден сад. Полијте ги со сокот од лимон и измешајте ги. Сомелете ги бисквитите. Изматете ги јајцата со 50гр шеќер. Кога ќе станат светли и пенливи, додајте ги бисквитите, ренданата кора од лимон и растопениот и оладен путер. Измешајте ги и додајте ги брашното, квасецот, млакото млеко, па соединете ја смесата.

Смесата добро измешана сипете ја во тава со дијаметар од 24цм, предходно прекриена со хартија за печење (малце намастена). Додајте ги кришките праски и попрскајте ги со останатиот шеќер, па печете го колачот на 180 степени околу 40 минути. Сервирајте го ладен.

Поврзани статии

Back to top button