Сува, проблематична, испукана и тврда кожа? BeeBalm органски производи за сечиј џеб
Грижата за кожата на телото е ритуал подеднакво важен како и нега на кожата на лицето. Особено во есен и зима, кога кожата страда од сувост и недостаток на хранливи материи, на кожата треба да и се посвети посебно внимание. BeeBalm – палета производи кои се 100% органски и безбедни, за сите генерации .
Наш предлог е да ги пробате органските сапуни од палетата производи на Пчелин Мелем
Нивните природни сапуни се добиваат со ладен процес базиран на антички рецепти. Потполно се биоразградливи. Неутрални без додадени мириси, антиалергенс, не содржат ГМО, парабени, сулфати, силикони и вештачки бои.
Медов сапун – одличен за чистење и дезинфекција на кожата. Прави длабинска хидратација и регенерирање на кожата. Погоден е за сите типови на кожа.
Лаванда сапун – одличен за секојдневна употреба бидејќи маслото од лаванда загарантирано ги смирува умот и телото. Има дополнителен релаксирачки ефект.
Исчистете ја, хидратирајте ја и смирете ја вашата кожа со природни сапуни од нивната колекција.
Заследете ги на Инстаграм или на Фејсбук и направете си брза онлајн нарачка која ќе ви биде доставена до домашна адреса.
Во комбинација со Пчелин Мелем ќе имате здрава, нахранета и негувана кожа во секој период од годината. Природен рачно изработен мелем, без хемиски и синтетички конзерванси, емулгатори, парабени, мириси и бои. Произведен од пчелини деривати и органски масла од локални еколошки предели,собирани во определени периоди од годината, кога билките се најактивни.
Посебно поволно влијае има на кожата на новороденчиња, деца и лица со чувствителна и иритабилна кожа.
За воспалителни процеси, постоперативни рани и лузни, изгореници, стрии, атопичен дерматитис, псоријаза, розацеа, старечки флеки, брчки, тврда и испукана кожа – Пчелин Мелем!
Балсамот за усни, од кокос или ванила е создаден особено за испукани и иритирани усни со смирувачки и природен регенеративен ефект. Интензивно ги храни и хидрира и најсувите и оштетени усни. Ги штити усните од ветер, студ и сонце. 100% органски.