Среќата не смее да е пропуштена шанса!
Љубовта умее да биде еднакво болна и застрашувачка како убава и спокојна. Без оглед на минатото, на ударите и раните, во оној момент кога ќе соберете храброст за нешто ново се ќе биде полесно. Многу пати се затвара човек во себе и се оградува од љубовта поради стари опекотини. Болат, не велиме не, но зошто да тргнувате со предрасуди.
Не губете верба во љубовта. Таа постои на секое ќоше. Отворете ги срцето и очите и таа ќе ви се насмевне. Ќе се појави некој кој умее да сака искрено. Некој на кој токму вие ќе му бидете приоритет. Некој кој ќе биде ваш чадор заштитник. Некој кој ќе ве сака поради тоа што навистина сте. Кој ќе ве предизвикува само за да напредувате. Ќе ви дава сила за нови предизвици и достигнувања. Ќе умее да ве разбере и кога не сте за разбирање. Ќе има време за вас и кога има тон обврски. Ќе ве гушка силно за се од порано да избрише. Поради него ќе чуствувате надеж наместо старв. Ќе ви посакува успех и среќа наместо да ве кочи и враќа назад.
Лесно е и едноставно. Заборавете на се предходно и со крената глава тргнете напред. Дајте некому шанса. Шанса за среќа дадете си!