Од васУбави муабети

Среќата не доаѓа толку едноставно


Големите куќи, богатството, скапите автомобили, брендираната гардероба, гламурот и сјајот нема да направат од нас подобри и посреќни луѓе. Можеби за миг ќе почуствуваме возбуда и позитивен трепет, но дефинитивно среќата не доаѓа толку едноставно и еквивалентно со богатството, таа со пари не се купува, среќата се создава и извира од секојдневните ситни нешта. Среќата доаѓа од благодарноста изречена од некој добронамерник за помошта што си му ја дал, од успехот кој си го постигнал преку макотрпната работа, среќата доаѓа со насмевката на лицата кои ти значат, од солзите радосници од милите луѓе, од прегратката на љубениот. Да се радуваме на секој миг од животот и да научиме дека среќата се кова и создава, среќата се сонува и остварува
среќата едноставно вдахновува, разубавува и опотува.

Дијана Станчевска

Испратете и Вие ваш текст на info@ubavo.mk

Поврзани статии

Back to top button