Убави вести

Спремете ја Вашата кожа на лицето пред да излезете на плажа со Игнеа – Хијалурон серум

Станува збор за природна, органска козметика која е рачно изработена со внимателно одбрани состојки. Тимот на Игнеа нуди голем избор на козметички производи кои се 100% еко. Заследете го нивниот Инстаграм профил и уште веднаш нарачајте си рачно изработена козметика која ќе ви биде доставена до домашна адреса. 

Вашата нова рутина за убавина – ETERNITY ХИЈАЛУРОН СЕРУМ со ресвератрол, сквалан и Б5 од ignea_cosmetics_mk.

Хијалуронската киселина е најприродна компонента кога е во прашање подмладувањето. Природно се наоѓа во кожата, интензивно ја хидрира, учествува во синтеза на колаген и еластин и и дава цврстина и еластичност на кожата.

После 30та година од животот концентрацијата на хијалуронската киселина во кожата опаѓа. Кожата станува сува (дехидрирана) и доаѓа до појава на брчки, намалување на еластичноста, цврстината и тонусот, особено на лицето.

ETERNITY ХИЈАЛУРОН СЕРУМОТ на IGNEA содржи 2 типа на природна хијалуронска киселина со цел хидрирање и измазнување на површинскиот слој, но и интензивна хидратација на длабинските слоеви на кожата.

Редовната апликација на овој навлажнувачки концентрат го зголемува нивото на хијалуронската киселина во меѓуклеточниот простор. Уште со првите нанесувања доаѓа до видно зголемување на тонусот, цврстината и еластичноста на кожата.

Присуството на ресвератрол ја зголемува заштитата од слободни радикали, особено интензивирана при јакото сонце.

Кожата изгледа здраво, измазнето и со изедначен тен.

Особено се препорачува секојдневна употреба на серумот за време на интензивно топлите летни денови. Спремете ја Вашата кожа на лицето пред да излезете на плажа. ВРЕМЕ Е ЗА ХИДРАТАЦИЈА!

 

Поврзани статии

Back to top button