КариераУбави совети

Справете се со напорниот шеф!

Живееме во време кога е тешко да се најде добра работа. А, пак на многумина им се случува откако ќе ја најдат да сфатат дека од сите можни шефови на светот, го добиле најнапорниот!

Наместо да се нервирате околу таквата ситуација, вдишете длабоко и најдете начин како да се справите со претпоставениот кој секогаш е во право!

Поставете временска граница!

Дали шефот ќе ви ѕвони во девет часот вечер, зависи од вас. Доколку од старт го дозволите тоа, после нема назад! Затоа, јасно назначете дали може или не да бидете достапни по завршувањето на работното време. Она што ќе важи за шефот, треба да важи и за колегите. Доколку постои можност, побарајте службен број.

Балансирајте помеѓу прифаќањето и одбивањето.

Еден куп обврски и проекти не ви се завршени, а веќе добивате нови задолженија? Ако прифатите, се ставате под стрес, ако одбиете, ризикувате да наидете на наплив од бес кај вашиот шеф. Смирено објаснете зошто не можете веднаш да ја прифатите обврската. Доколку пак е итна, прифатете, ама гласно потенцирајте дека ќе задоцните со другите.

Документирајте се!

Шефовите кои сакаат секогаш да се во право, често ќе ве обвинат за нешто што не сте го направиле или за работа која сте ја завршиле како што на старт ви било посочено, ама потоа испаднало дека можело поинаку. Затоа документирајте го процесот на работа! Побарајте од шефот и колегите важните информации околу работата да ги искомуницирате преку меил.

Гласно кажете што ви смета!

И бидете упорни во тоа. Секогаш! Образложете со факти и докази. Покажете дека не дозволувате некој да ви се качи на глава!

Поврзани статии

Back to top button