Според месеците и годините колку часа сон му се потребни на вашето дете?
Едно прашање со кое често се соочуваат многу родители: кога е вистинско време да се заспие детето? Ако децата ги легнувате премногу рано, нема да можат да заспијат, тие ќе се забавуваат во креветот, на крајот може да станат хиперактивни и потешко да заспијат. Ако ги легнете премногу доцна, следниот ден тие ќе бидат вознемирени и тешко ќе го издржат денот.
Сите ние знаеме колку квалитетниот сон е важен за нашето здравје, а особено за здравјето на нашите деца. Бројни студии покажале дека постојаното време на спиење и времето на јадење значително го намалуваат ризикот од дебелина во детството. Покрај тоа, една студија покажала дека предвременото легнување може позитивно да влијае на целото семејство.
Доенчиња од 4 до 12 месеци имаат потреба од 12 до 16 часа спиење (вклучувајќи и попладневен сон)
Деца помеѓу 1 и 2 години им требаат 11 до 14 часа спиење (вклучувајќи и попладневен сон)
Децата помеѓу 3 и 5 години имаат потреба од 10 до 13 часа спиење (вклучувајќи и попладневен сон)
Деца помеѓу 6 и 12 години треба да спијат од 9 до 12 часа
Тинејџерите треба да спијат од 8 до 10 часа