Со ова масло третирајте ја кожата секојдневно!
Покрај тоа што ви се омилена здрава ужинка, лешниците имаат и низа други позитивни аспекти.
Имено, маслото од лешник е познато по тоа што ја штити кожата, ја зајакнува хидратацијата и ги елиминира знаците на стареење. Содржи витамини, минерали, масни киселини и протеини кои го подобруваат квалитетот на кожата. Консумирајќи лешници, како и локално нанесување на неговото масло, може да и обезбедите на вашата кожа бројни придобивки.
Предности на масло од лешник:
Дејствува како средство за подмладување на кожата. Маслото од лешник ја навлажнува кожата бидејќи содржи голема количина на масни киселини кои ја прават одлична и хидратантна.
Нанесено на лицето, формира заштитна бариера и спречува сушење на лицето.
Маслото од лешник може да ја зголеми ефикасноста на другите навлажнувачки креми за нега на кожата. Содржи фосфолипиди кои обезбедуваат долготрајно чувство на хидратација.
Тоа е ефикасно за лекување на сува кожа поради емулзивните својства.
Може да се користи во обновувачки третмани за нега на кожата, кога лицето треба да ја врати еластичноста и да и помогне на кожата да зарасне.
Маслото од лешник е природен УВ-филтер за заштита на кожата од сончевите зраци.
Луѓето со мрсна кожа исто така можат да користат масло од лешник за нега на кожата, бидејќи станува збор за немасно масло.
Тоа помага да се елиминира вишокот маснотии од лицето и спречува појава на акни.
Маслото од лешник содржи витамини и есенцијални масни киселини кои го подобруваат производството на колаген.
Ја смирува и стимулира кожата, дејствува истовремено како средство за дезинфекција.
Тоа е многу ефикасно во ублажување на болката во мускулите и обезбедува моментално чувство на релаксација.
Маслото од лешник го промовира здравјето на кожата, ги отстранува бактериите од лицето и го промовира растот на пробиотички бактерии. Овие бактерии се одговорни за одложување на процесот на стареење на кожата.