ДомУбави совети
Создадете хармонија во домот!
Секој сака неговиот дом да е убав, удобен и пријатен за око и душа, бидејќи таму поминуваме голем дел од денот!
Еве неколку совети и идеи кои ќе ви помогнат вашиот дом да биде како од соништата:
- Поставете фотографии од убави моменти: вашата прва зааедничка со партнерот, проодувањето на вашето малечко, првиот одмор… Врамете ги спомените!
- На сите маси во домот секогаш имајте свежо цвеќе или овошје. Доколку сакате цвеќето да ви трае подолго ставете неколку таблети аспирин во водата.
- Вдомете милениче! Така, вашиот дом никогаш нема да е празен.
- Пронајдете го вистинскиот мирисен освежувач за домот. Одберете арома која ќе буди емоции и нема да создава главоболки.
- Украсете го домот со живи бои: обојте еден ѕид во силна боја или купете си шарени перничиња!
- Составете плеј листа од вашата омилена музика. Телевизорот заменете го со убави звуци.
- Ако сте во можност, купете мала фонтана. Звукот на водата секогаш релаксира.
- Не заборавајте и на зеленилото. Набевете си дрво на парите или дрво на долговечноста.