Совршена шминка за само 10 минути?
Совршена шминка за само 10 минути? Да, за краток временски период е можно да се постигне убав изглед, а еве како.
Многумина од нас, особено наутро, пред да одат на работа, немаат време за комплетен мејкап изглед. Најчесто за шминката е потребна подлога, прајмер, пудра, хајлајтер, руменило, контурирање… Во превод, многу време. И ретко кој го има тој луксуз во работните денови.
Сепак, можно е да се постигне совршен изглед за краток временски период. Еве како.
Започнете со очите Иако многумина дебатираат дали прво да се нанесе сенката за очи, а потоа пудрата или обратно, вистината е дека попрактично е прво да се почне со очите. Така, дури и во случај правта од сенките да ни падне на јаболчниците, можеме лесно да ја избришеме пред да ја нанесеме пудрата.
Користете ги прстите. Кога нанесувате пудра, користете ги рацете наместо сунѓер или четка. Така побрзо ќе ја нанесете подлогата која подобро ќе се прилепи на лицето. Меѓутоа, ако користите сунѓер за шминкање, користете влажен сунѓер, а не сув. Ова ќе го направи нанесувањето на пудрата полесно и потрајно.
Производи со повеќе примени. Во брза рутина на шминкање, овие производи ни заштедуваат време. На пример, користете го бронзерот и како сенка за очи, а наместо руменило користете го карминот кој го нанесувате и на усните.
Не брзајте да ги поправите грешките. Доколку се случи да не сте нанеле рамномерно ајлајнер или да ви се извалка маскарата, престанете. Може да направите поголем проблем ако брзате. Исто така, не ги бришете маскарата и ајлајнерот додека производите се влажни, бидејќи ќе се размачкаат. Почекајте да се исушат, а потоа користете го стапчето за уши за да ги избришете деловите што сте ги нацртале погрешно.
Грижете се за вашата кожа. Здравата кожа треба да е убава кожа, здрава кожа. Затоа, редовно чистете го лицето и нанесувајте хидратантна крема. Баш така кожата ќе ви биде благодарна и ќе биде идеално платно за шминкање.