КариераУбави совети

Совладајте го уморот!

Во пролетниот период, кога времето е променливо, многу луѓе се чувствуваат уморено, без енергија и желба за работа. Проблемот е што додека го имаме ова чувство, обврските на работа се повеќе ни се трупаат. Имаме неколку совети за тоа како да го победите уморот и да бидете попродуктивни на работното место.

  • Кафето ќе ви даде енергија, но не треба да претерувате со кофеин и никако не треба да го пиете на празен стомак. За да се справите со уморот, свежото овошје и зеленчук се супер опција за појадок, а по појадокот напијте се кафе без шеќер. Избегнувајте тестенини и благи работи, бидејќи тие само моментално ќе ви дадат енергија.
  • Доколку навистина не можете да се сконцентрирате и да работите, подобро излезете на прошетка, отколку да дремете и да гледате во екранот. Раздвижете се, ќе ја подобрите моменталната циркулација на крв и ќе имате повеќе енергија.
  • Мирисот на ментол помага во борбата против уморот. Набавете ароматизер со мирис на ментол за вашата канцеларија, џвакајте мастики со ваков вкус или напијте се чај од нане.
  • Пијте доволно количество на вода бидејќи дехидрираниот организам ќе ве прави да се чувствувате уште поуморни. За ручек јадете лесна храна, а ако сте во можност напијте се и свежо цеден сок од портокал и лимон кој ќе ви го покачи нивото на енергија.
  • Испланирајте го времето. После секоја завршена работа, правете картка пауза и вдишувајте длабоко. На пример ако работите одредена задача 40 минути, откако ќе ја завршите дајте си пет минути во кои ќе излезете надвор од канцеларија или ќе читате шеги на интернет.

Поврзани статии

Back to top button