ЖивотУбави совети

Совладајте го постојаниот умор!

Доколку постојано сте уморни, а со вашата крвна слика се е во ред и се будите ненаспани, крајно време е да преземете нешто бидејќи го исцрпувате организмот!

Намалете со пороците. Кафето и цигарите можеби мислите дека ви даваат енергија и ве смируваат, но во суштина ве прават раздразливи, уморни и анксиозни.

Пробајте да се опуштите: напијте се чај од лековити билки, медитирајте, гледајте филм, слушајте музика. Имајте време за она што ве прави среќни, секој ден.

Внесувајте хранливи состојки: Чувството на умор намалете го со внес на витамини и минерали. Наместо веднаш да посегнете по суплементи, пробајте да јадете многу зеленчук и овошје во текот на денот.

Пијте вода. За да не се чувствувате уморно и за да не ви паѓа притисокот потребно е да пиете 8 чаши вода на ден.

Вежбајте! Колку повеќе сте физички активни толку повеќе енергија ќе имате и ќе му кажете „збогум“ на уморот!

Поврзани статии

Back to top button