ЖивотУбави совети

Совети за оние кои ја фарбаат косата во домашни услови

Многу жени од финансиски и практични причини се одлучуваат да ја фарбаат својата коса во домашни услови.

Ви нудиме неколку совети кои ќе ви помогнат да се исфарбате како проофесионалец во вашиот дом.

Најнапред, запомнете дека не треба да правите драстични промени. Ако сакате омбре, одете на фризер. Но, бојосувањето на коренот, осветлувањето за нијанса две или затемнување на вашата коса може да го направите сами.

Фарбајте се исклучиво со четка за таа намена.

Секогаш земете две пакувања на фарби доколку имате поодлга коса, за да не ви се случи да ви снема фарба сред фарбање. Дури и да остане, ќе ја употребите за следниот пат.

Доколку сакате да пробате некоја нова боја, најдобро тоа е да го направите на некој прамен што не се гледа како би избегнале непријатни изненадувања.

На кожата на главата каде може да допре фарбата и да остави флеки кои тешко се чистат, нанесете крем. После фарбањето, само избришете го кремот и нема да имате траги од боја на челото и кај ушите.

Секогаш користете две огледала, едно напред едно назад за да бидете сигурни дека со бојата сте ги опфатиле сите прамени.

 

 

Поврзани статии

Back to top button