Советите од баба и дедо кои мора да ги послушате
Одвреме – навреме добро е да подзастанeте и подзабавите со темпото на живеење и да слушнете совет од некој баба или дедо. Да, тие навистина можеби не знаат многу нешта кои ние бевме приморани да ги научиме поради развојот на технологијата, но, имаат огромно животно искуство.
Ги одбравме најубавите совети кои сме ги слушнале од нашите баби и дедовци.
Најважна личност во твојот живот е онаа која се согласила да го дели истиот со тебе. Однесувајте се кон неа со почит.
Предметите се само предмети и немаат душа. Немојте да бидете опседнати со нив.
Љубомората ги уништува врските. Ако не и верувате на вашата подобра половина, тогаш на кој друг можете да му верувате?
Никој нема работа која ја сака секој ден од годината. Помирете се со тоа.
Годините поминуваат додека да трепнеш. Искористи ги максимално.
Сфатете го животот како дете. Некогаш неизмерно ќе ве радува, некогаш ќе ви се качи на глава.
Децата растат брзо. Посветете им време додека се мали. Кога ќе пораснат, ќе бараат пари, но, не и време.
Никој никогаш не умрел жалејќи за тоа што не работел малку повеќе. Бидете вредни и одговорни, но никогаш не ставајте ја работата пред себе или семејството.
Јадете како да сте дијабетичар или срцев болесник. Така ќе се заштите од многу болести.
Грижете се за забите. Проблемите со нив се грозни.
Имате само една шанса. Немојте еден ден да се разбудите и да сфатите дека имате 60 години, а да не сте ги направиле нештата за кои сте сонувале.