ЖивотУбави совети
Сливите како лаксатив
Сливите не се само вкусно овошје туку и лаксатив, објави Германското друштво за заштита на потрошувачите.
Сливите содржат големо количество пектин, кој ја поттикнува работата на цревата, па би требало да се консумираат со многу вода или чај. Сливите, освен тоа, се богати со растителни влакна, витамини и менерали, а се верува дека некои видови ја поттикнуваат виталноста и го забавуваат стареењето.
Колку долго сливите може да се луваат, зависи од количестото вода кое го содржат. Поради тоа стручњаците советуваат да се чуваат на суво и ладно место.