ЖивотУбави совети
Сладок, освежителен десерт од круши!
За денес подгответе вкусен десерт, мус од круши.
Потребни состојки: 5 лажици шеќер, 40гр кокос, 2 белки, 2дл слатка павлака, 40гр чоколадо за говење, 800гр круши (може и од конзерва), бело вино, и прстофат сол.
Подготовка: Испасирајте 600гр круши, исцедете ги. Добиеното пире од круши ставете го во длабок сад и зачинете го со една лажица бело вино, шеќер и 20гр кокос. Изматете ги белките со малку сол и додајте ги на пирето од круши, заедно со 3/4 изматена павлака. Поделете го кремот во четири чаши и ставете ги во фрижидер се до самото сервирање. Декорирајте со останатите круши исечкани на мали парчиња, изматената слатка павлака, ренданото чоколадо за готвење и останатиот кокос.